Ова не го заслужи Ѓоковиќ, легендите ја „нападнаа“ публиката!

фото:твитер

Швајцарецот беше подобар и славеше со 6:3 и 6:4 и се пласираше во полуфиналето на Завршниот мастерс во Лондон.

Британските тениски легенди ја „нападнаа“ лондонската публика поради третманот кон Новак Ѓоковиќ во дуелот со Рожер Федерер.

Федерер одигра еден одличен меч, но однесувањето спрема Србинот и радоста кога направи двојна сервис грешка наидоа на осуда и тоа кај легендите на британскиот тенис, Рудедски и Крофт.

– Мислам дека е тешко непочитување кога аплаудирате на двојни сервис грешки. Тоа е премногу. Не е проблем кога публиката дава поддршка за еден од тенисерите, тоа е ваш избор, но морате да имате барем некое ниво. Тоа навистина влезе во главата на Ѓоковиќ, кога ќе направите двојна грешка и слушнете аплаузи и таа грешка се повторуваше. Како да се „скрши“ и од таа точка како да беше „надвор“ од мечот – беше јасен Грег Рудедски.

Поранешната најдобра тенисерка на В. Британија, Анабел Крофт, имаше сличен коментар.

– Бев тажна поради Новак оваа ноќ. Тој е голем шампион, што треба да направи за да ја има публиката на своја страна? Играше тука одличен тенис и едвај дочека аплауз. Навиваа за неговите двојни сервис грешки, тоа го исфрли од такт и се повлече во себе – се зборовите на Крофт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот