Федерер сè уште дели лекции, Ѓоковиќ остана без првото место

twitter/ATP Tour

Роже Федерер е вториот полуфиналист од групата Бјорн Борг на Мастерсот во Лондон, откако во одлучувачкиот меч беше подобар од Новак Ѓоковиќ. Швајцарецот во директен дуел за второто место во групата, славеше во два сета со 6:4,6:3 и се пласира во полуфиналето, а со прикажаната игра потсети на најдобрите денови од кариерата кога доминираше да тениските терени.

Ѓоковиќ со поразот од големиот ривал ги загуби шансите годината да ја заврши на првото место на АТП ранг листата кое ќе му припадне на Рафаел Надал.

38-годишниот Федерер одигра фантастичен меч, во првиот сет имаше дури 12 винери и само една неизнудена грешка. Тој уште во третиот гем направи брејк и се што требаше да направи до крајот на сетот беше да го задржи својот сервис. Тоа го правеше брилијантно, дури и да немаше втор сервис, а речиси сите свои сервис гемови ги доби со нула, што беше доволно за водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет, првата брејк топка ја имаше Ѓоковиќ, при 2:2 во гемови, но не успеа да ја реализира и веќе во наредниот гем дозволи Швајцарецот да му направи брејк. По губењето на својот сервис, Ѓоковиќ како да се предаде и му дозволи на противникот уште еден брејк со што и дефинитивно се збогува од можноста годината да ја заврши на првото место на АТП ранг листата.

Федерер својот противник во полуфиналето ќе го дознае по утрешните дуели од групата Андре Агаси, а во кои се среќаваат Надал – Циципас и Медведев – Зверев.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот