Ова ќе биде најтешката борба во историјата, заедно имаат 326 килограми

Спектаклот помеѓу Мартин Форд и Сајад Гариди ќе биде во Лондон/Фото: instagram.com/sajadgharibiofficial/instagram.com/martynfordofficial

На 2 април 2022 година Лондон ќе биде домаќин на двајцата борци кои себе се претставуваат како најстрашните луѓе на светот.

Од една страна е Британецот Мартин Форд, а од друга Иранецот Сајад Гариби, настан кој предизвикува големо внимание.

Откриено е и со која тежина овие двајца борци влегуваат во спектаклот. Предноста во тежина ја има „иранскиот Хулк“ Гариби од 176 килограми, а Форд моментно има 150 кг.

Заедно имаат 326 килограми и за нив октагонот ќе изгледа доста „скромно“.

Британецот ќе влезе во октагонот со речиси 20 сантиметри висинска предност. Висок е 204 сантиметри, додека Гариби има висина од 186 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот