Ова е суперјахтата „Лана“, долга 107 метри, на која Бијонсе и Џеј Зи пловеа по Јадранот

Instagram

Поп дивата Бијонсе и нејзиниот сопруг раперот Џеј Зи, деновиве пловеа по Јадранско Море со јахтата „Лана“, една од најголемите суперјахти на Бенети.

107 метри долгата јахта е достапна за изнајмување за два и пол милиони долари неделно.

Внатрешноста на јахтата е прилагодена за 12 гости во осум спални соби – главен апартман и 7 ВИП апартмани, а секоја ВИП кабина е посебна.

За удобност и сигурност на сите гости се грижат 31 членови на екипажот.

Гостите можат да поминуваат време во спа-центарот, теретаната, гледајќи филмови во импресивната киносала или да пливаат во базенот.

Со суперјахтата секако доаѓа и суперопрема – бродови, скии за вода, опрема за нуркање.

Трпезариската маса е изработена рачно од оникс, а на јахтата има и турска бања. Од „зимската градина“ се пружа спектакуларен поглед.

Кабините имаат сѐ што гостите можат да посакаат, а најдобар е главниот апартман со прозорци и тераси на двете страни на јахтата.

 

Погледнете ја „Лана“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот