Ова е најзгодниот принц на светот: Иако има просечна висина, неговата насмевка ќе ве намами постојано да гледате во него! (ФОТО)

Шведскиот принц Карл Филип веќе неколку години се наоѓа на самиот врв на листата со најзгодните принцови на светот.
Оваа титула уште еднаш ја оправда при учеството на инаугурациската картинг трка која се одржа во шведскиот град Ескилстуна.

Трката и пехарот го добија името токму по принцот кој лично дојде да го поддржи овој настан.

Маркантниот 41-годишник кој од венчавката со Софија Хелквист во 2015 година ја носи титулата војвода од Вармланд, е единствениот син на шведскиот крал Карл XVI Густав и кралицата Силвија.

Карл Филип е голем љубител на сите спортови, но посебно на оние екстремните. Трчањето, пливањето, скијањето и едрењето се само некои од неговите омилени спортски активности.

Шведските медиуми пишуваат дека е висок 175 сантиметри, па со тоа дефинитивно не може да се каже дека спаѓа во групата на високи мажи, а наводно носи и специфични чевли или додатоци за чевли кои го прават повисок за неколку сантиметри.

