Кејтлин Џенер-„Ова е најдобрата одлука што ја направив во животот“, објаснувајќи ја борбата за автентичност како трансродово лице

Кејтлин Џенер
The Image Direct / Profimedia

Кејтлин Џенер, некогаш позната и по името Брус Џенер, јавно призна дека со години се бореше со трансродовиот идентитет.

Во неодамнешна епизода на риалити шоуто „Big Brother VIP“, Џенер се навраќаше на животот додека уште беше Брус и кажа дека со години се возела облечена во женска облека, надевајќи се дека никој нема да го забележи тоа.

„Ќе излезев да се возам, надевајќи се дека никој нема да ме забележи. Понекогаш беше страшно. Но, тоа беше единствениот начин на кој можев да се изразам“ – истакнува потресено Џенер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caitlyn Jenner (@caitlynjenner)


Таа кажа дека се криела цел свој живот и дека првпат споделила дека се чувствува како жена кога имала 34 години, а потоа и на свои 40. Сепак, конечната преобразба ја направи во 2015 година, кога имаше и голема поддршка од своите најблиски.
За изворот The Daily Telegraph, Џенер ја коментираше својата одлука:

„Дури во последниве години живеам онака како што сакам јас, целосно автентично. Оваа одлука е нешто најдобро што можев да го сторам за себе“ – вели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот