Ова е најдобрата диета петта година по ред: Го чува срцето и штити од рак на дојка

Фото: Профимедиа

Петта година по ред медитеранската исхрана е најдобрата програма за исхрана, според процените објавени од „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“.

На второто место се најде исхраната ДАСХ, која е карактеристична по намалениот внес на сол, додека третото место го зазема  флекситаријанската диета која подразбира вегетаријанска храна, но е доволно флексибилна за одвреме-навреме да се изеде и хамбургер.

Сите три начини на исхрана вклучуваат намалување или елиминирање на преработена храна, а зголемување на внесот на овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки (грав, леќа, грашок), јаткасти плодови (ореви, бадеми) и семки.

Што е, всушност, медитеранската исхрана?

– Мислам дека е важно да се напомене дека сите три најпопуларни диети: медитеранската, ДАСХ и флекситаријанската нудат разновидност, флексибилност и неколку правила – рекла Гретел Шулер, извршен уредник за здравје во „ЈуЕс њуз и Ворлд рипорт“.

– Сите диети коишто имаат добри резултати се безбедни, разумни и поткрепени од науката. Овие диети, кои се прогласени за најдобри, исто така обезбедуваат и соодветни калории со фокус на зеленчукот, овошјето и целите зрна, скромната количина на немасни протеини, млечните производи и повремените десерти – додала таа.

Панел од 27 експерти испитуваа 40 диети и ги рангираа во неколку категории: колку е лесно да се следи диетата, колкава е веројатноста личноста да изгуби тежина, како краткорочно така и долгорочно; колку е ефикасна диетата во превенцијата од кардиоваскуларни болести или дијабетес и хранлива комплетност на исхраната.

Зошто медитеранската исхрана е најдобра за заштита од сонце?

– Генерално зборувајќи, врвните режими на исхрана се водат од тоа што можете да јадете, а не од она што не можете да јадете. А, токму сега – во текот на овие стресни времиња на пандемијата – тоа е особено корисно за луѓето – рекла Шулер.

Таа нагласила дека сакаме храна во која ќе можеме да уживаме, а која ќе го одржува нашето здравје и можеби дури и ќе ни го зајакне имунитетот. Исто така, истакнала дека најдобро рангираните диети го нудат тоа.

Медитеранската исхрана освен севкупното прво место, освои првото место и како најлесна исхрана за следење, најдобра за здрава исхрана, најдобра за дијабетес и најдобра исхрана која се базира на овошје и зеленчук.

Бројни истражувања покажаа дека медитеранската исхрана може да го намали ризикот од дијабетес, висок холестерол, деменција, губење на меморијата, депресија и рак на дојка. Оваа исхрана е поврзана и со поцврсти коски, поздраво срце и подолг живот.

Вегетаријанска или медитеранска исхрана – нема разлика, велат нутриционистите

Медитеранската исхрана вклучува едноставни оброци врз растителна основа, при што најголемиот дел од секој оброк се базира на овошје, зеленчук, цели зрна, мешунки и семки, со примеси на јаткасти плодови и силен акцент на екстра девственото маслиново масло.

Во медитеранската исхрана очигледно се важни сите детали, а освен исхраната има и други фактори. Медитеранските народи се физички активни и имаат посветлен однос кон животот – за нив оброкот е уживање и релаксација, а порциите не се големи.

Исхрана чекор по чекор

* Направете ги оброците поразновидни со воведување свеж зеленчук, зеленчук, салати и чорби

* Користете екстра девствено маслиново масло

* Употребувајте житарки од цело зрна

* Јадете компири и интегрален ориз како замена за леб

* Зачинете го маслиновото масло со свежи билки, лук и кромид

* Испијте чаша црвено вино со оброкот неколкупати неделно

* Пијте вода и други пијалаци сиромашни со шеќери, а не безалкохолни пијалаци

* Секогаш јадете свежо овошје и посно сирење наместо десерти богати со рафиниран шеќер, брашно и заситени маснотии

* Јадете помалку црвено месо, а во менито додадете риба и живина двапати неделно

* Како здрави закуски и грицки вклучете еден грст бадеми, лешници или ореви

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот