Ова е ЈАПОНСКАТА ДИЕТА по која ПОЛУДЕ ЦЕЛИОТ СВЕТ: Со нејзина помош ЕКСТРЕМНО ЌЕ НАМАЛУВАТЕ КИЛОГРАМИ!

Бананите се фантастично суперовошје, содржат три вида на шеќер: фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа комбинација дава чувство на ситост кое долго трае. Истражувањата покажаа дека само две банани дневно се доволни за 90-минутен тренинг.

Доколку и вие сте љубител на банани, оваа диета веројатно ќе ви одговара, а најдобро од се е што навистина нема да чувствувате глад. За една недела можете да ослабите и до пет килограми вишок, но пред да започнете да ја практикувате побарајте совет од вашиот доктор или нутриционист.

Појадок

Изедете само една банана. Доколку сте гладни и по 15 минути, слободно изедете уште една. Не би требало да јадете друго овошје за појадок, но доколку мислите дека бананата нема да ви биде доволна, можете да изедете и две-три лажици варен ориз. Јадете само зрели банани.

Ручек и вечера

Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако поидеално е да јадете до 18 часот. Што се однесува до намирниците за ручек и вечера, не сте ограничени со изборот и можете да јадете што и да посакате. Меѓутоа, трудете се порциите да бидат помали, а трудете се и да ги избегнувате десертите. Јапонките се познати по тенката линија, но тие се трудат по ручекот никогаш да не бидат сосема сити. Исто така не би било лошо да ги избегнувате јаглехидратите, белиот леб, белиот ориз, шеќерот и белото брашно.

Само вода

Во текот на диетата единствена течност која ви е дозволена е исклучиво водата, минерална или обична. Кога ја пиете, пијте ја на собна температура и пијте ја во мали голтки, немојте да се налевате. Во текот на денот можете да испиете едно кафе, чај или свежо цеден сок. Во посебни прилики дозволена ви е и една чаша пиво или вино.

Ужинка

Околу три часа попладне можете да изедете две коцки црно чоколадо или никокалорично колаче. Крофните, сладоледот, чипсот, грицките и сличните работи не се дозволени. Нормално, подобро би било за ужинка да изедете едно овошје, но доколку сакате благо, немојте да се воздржувате.

Рано во кревет

Трудете се да одите на спиење најдоцна до полноќ.

Вежбајте ако сакате

Во текот на оваа диета не е неопходно да вежбате, но доколку сакате, само напред. Сепак, трудете се што повеќе да пешачите.

Водете дневник

Водете дневник како се чувствувате и што сте јаделе во текот на денот. Исто така, на интернет можете да најдете доста форуми и размена на искуства од другите кои се на овој режим на исхрана.

[ReviewDisclaimer]

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот