Ова е чајот кој ќе ви помогне при отежнато варење

Една од ароматичните билки која ќе ви помогне да ги ублажите или избегнете дигестивните тегоби е анасонот.

Анасонот традиционално се користи за отежнетото варење и тегобите како што се мачнините, надуеноста и грчевите во стомакот, кои можат да се јават по обилните оброци, мрсната храна или слатките.

За да подготвите чај од анасон потребно е една лажичка семки од анасон (по можност мелени) да ја прелиете со два децилитри зовриена вода.

Оставете ја да отстои три до пет минути и потоа процедете ја.

Овој чај е најдобро да се консумира по оборците, два до три пати дневно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот