Отворена истрага против претседателот на Ломбардија заради спорни набавки за време на пандемијата

Претседателот на најбогатата северна италијанска провинција Ломбардија, Атилио Фонтана, е обвинет за конфликт на интереси и измама со јавните набавки во екот  на епидемијата со коронавирусот.

Италијанскиот печат пишува дека во април, во екот на епидемијата, претседателот, без јавен конкурс одобрил компанијата на неговиот зет, Андреа Дини, во која сопственички удел имала и сопругата на Фонтана, Роберта Дини, да увезе потрошен медицински материјал за повеќе од половина милион евра.

Случајот стана познат кога ТВ-шоуто „Рипорт”, што се занимава со истражувачко новинарство, го откри купувањето на материјалите и учеството на членовите на семејството на претседателот на Ломбардија.

Италијанскиот политичар прво тврдеше дека се е легално, и како се повеќе и повеќе информации излегуваа на виделина, почна да се правда дека тоа го правеле „за општо добро, со најдобри намери, односно дека тие само сакале да и помогнат на заедницата во вонредните околности”.

Еден месец по објавувањето на спорната трансакција, сопственикот на компанијата го трансформира „купувањето” во „донација”, па и со тоа се обиде да се оправда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот