Откриена уште една тајна на „Мона Лиза“: Да Винчи уште еднаш покажа зошто го сметаат за гениј

Мона Лиза во Лувр / EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Ремек-делото на Леонардо да Винчи, „Мона Лиза“, е познато како слика што крие многу тајни. Од начинот на сликање, до боите што се користеле, а се чини дека сега научниците открија уште една тајна – ретко хемиско соединение во бојата, пишува хрватски „Дневник“.

Како што наведуваат француски и британски научници во истражување објавено во списанието „Еј-си-ес публикејшнс“, нивната анализа на микропримерок од основниот слој на бојата открила уникатна мешавина од високо сапонифицирани масла (масла комбинирани со алкалии) и висока содржина на олово и бел пигмент на олово на кој му недостига церузит.

Покрај тоа, научниците откриле ретко соединение наречено плумбонакрит, кое е стабилно само во алкална средина на првиот слој боја. Научниците истакнуваат дека ова е потврда дека Да Винчи користел оловен оксид во прав за згуснување и сушење на бојата.

„Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи / Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Тие истакнуваат дека реткото соединение на основниот слој било различно во рецептот за маслена боја, што укажува на тоа дека Да Винчи имал намера да подготви густа боја за покривање на дрвениот панел на кој била насликана Мона Лиза.

Но, тоа не е единственото откритие што ги изненадило научниците и историчарите на уметност. Покрај плумонакрит, било откриено и соединението шанонит, што е прв ваков случај кај историска слика. Иако Да Винчи ги споменал неговите рецепти за боја во своите белешки, тие не биле прецизни, ниту пак откривале точно кои соединенија ги користел при мешањето на боите.

Како што се истакнува во истражувањето, овие откритија дадоа вредни нови сознанија за методите и материјалите за сликање на Леонардо да Винчи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот