Откриена причината за смртта на Ен Хеч: Во организмот имала кокаин и фентанил

Фото: Профимедиа

Актерката Ен Хеч почина на 12 август на 54-годишна возраст, а сега е откриена и причината за смртта.

Актерката на 5 август предизвика сообраќајна несреќа, кога со својот автомобил се „заби“ во куќа во населба во Лос Анџелес.

Како што пренесуваат странските медиуми, Ен Хеч во моментот на несреќата не била под дејство на алкохол, но во нејзиниот организам имало кокаин и фентанил.

По несреќата, Ен Хечл една недела била во кома, а веста за смртта на актерката ја потврди и нејзиното семејство, откако претходно најави дека ќе ја симнат апаратите за одржување во живот, бидејќи била во кома и имала сериозни повреди.

Како што пишува британски „Сан“, актерката починала од вдишување чад и топлински повреди откако автомобилот што го возела удрил во куќа на жена и се запалил.

Хеч, исто така, претрпе сериозна фрактура на градниот кош во несреќата, соопштија од лекарската канцеларија во Лос Анџелес.

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа: Огнот го гаселе 59 пожарникари

По тешката сообраќајка Ен Хеч падна во кома и се бори за живот

Ен Хеч под истрага за возење под дејство на алкохол или дрога

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот