Откриена причината за смртта на Ангус Клауд: Актерот од „Euphoria“ се предозирал со фентанил, кокаин и метамфетамин

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Познатиот актер од серијата „Euphoria“, Ангус Клауд, како што велат официјалните извешаи, починал од „случајно предозирање“ со фентанил, кокаин и метамфетамин, пишува „Дејли мејл“.

На 31 јули, дваесет и пет годишниот актер беше пронајден во неговата семејна куќа во Оукленд, Калифорнија и од страна на одговорните беше прогласен за мртов на лице место.

Канцеларијата на судскиот совет на округот Аламеда соопшти дека, Ангус починал од смртоносна комбинација на фентанил, кокаин, метамфетамин и друго. Тој, всушност настрадал од акутно труење од комбинацијата на лекови, која исто така вклучувала и бензодиазепин.

Една недела пред овој трагичен настан, Ангус се соочи со смртта на неговиот татко, кој бил болен од рак. Тој присуствуваше на неговиот погреб, а семејството потврди дека актерот се борел со неизмерна тага.

Фото: Instagram/ anguscloud

Во изјавата со која беше соопштена неговата трагична смрт, семејството напиша дека: „единствената утеха што ја имаме е да знаеме дека Ангус сега се врати со својот татко, кој му беше најдобар пријател“.

Неговото семејство се сомневало дека Ангус можеби извршил самоубиство, меѓутоа на крајот појасниле дека „сепак, тој немал намера да си оди од овој свет“.

Инаку, Клауд брзо се прослави во 2019 година со улогата на дилерот на дрога Феско во хит серијата „Euphoria“. Неговите други актерски достигнувања ги вклучуваат филмовите „North Hollywood“ (2021) и „The Line “ (2023).

Беше избран за улога во новиот хорор филм од режисерите на „Scream 6“, Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Жилет. Клауд исто така, глумеше и во различни музички спотови како што се „All Three“ на Ноа Сајрус, „Cigarettes“ на Juice WRLD и „Miamiii“ на Беки Џи и Карол Џи.

Почина Ангус Клауд на 25 години, ѕвездата од серијата „Euphoria“

Зендаја го прекина молкот и се огласи за смртта на својот сакан колега Ангус Клауд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот