Зендаја го прекина молкот и се огласи за смртта на својот сакан колега Ангус Клауд

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Смртта на актерот од популарната американска тинејџерска серија „Euphoria“, вчера растажи многумина. Ангус Клауд почина во понеделникот, а Зендаја денеска напиша неколку зборови за својата сакан колега.

Талентираниот актер Ангус Клауд е познат по улогата на дилерот Фез во серијата „Euphoria“, а веста за неговата смрт ја споделија членовите на неговото семејство. Иако причината за смртта сѐ уште не е позната, семејството откри дека 25-годишникот тешко се справил со неодамнешната смрт на својот татко и дека тоа имало големо влијание врз неговото ментално здравје.

Зендаја и Ангус Клауд на сетот на Еуфорија/Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во серијата „Euphoria“, Ангус глумеше дилер со тешка животна приказна, но со добро срце, а главната ѕвезда на серијата – Зендаја – често го делеше сетот со него. Таа на неговата неочекувана смрт реагираше со емотивна објава на Инстаграм и му се заблагодари за радоста што ја внел во нејзиниот живот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Зборовите не се доволни за да се опише бескрајната убавина на Ангус“, започнала Зендаја, па во продолжението напишала: „Толку сум благодарна што имав можност да го запознаам во овој живот, да го наречам брат, да ги видам неговите топли, љубезни очи и светла насмевка или да ја слушнам неговата заразна насмевка (се смеам сега само размислувајќи за тоа).“

Таа продолжила: „Знам дека луѓето често го користат овој израз кога зборуваат за луѓето што ги сакаат… ‘можеа да ја осветлат секоја просторија во која ќе влезат’, но да ви кажам, тој беше најдобар во тоа. Би сакалa така да го паметам. Поради сета безгранична светлина, љубов и радост што секогаш успеваше да ни ја даде. Ќе го ценам секој момент“, емотивно напишала актерката и ја завршила објавата со израз на почит кон семејството на Ангус: „Моето срце е со неговата мајка и семејството во овој момент и ве молам бидете љубезни и трпеливи бидејќи тагата за секого изгледа различно“.

Ангус Клауд и Зендаја глумеа заедно во првите две сезони од серијата, а во текот на паузите од снимањето станаа пријатели.

Почина Ангус Клауд на 25 години, ѕвездата од серијата „Euphoria“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот