Откриена е најголемата бакерија во светот, може да се види со голо око

Фото: YouTube-принтскрин

Научниците ја пронајдоа најголемата бактерија на светот во мочуриште во Гвадалупе – таа е во форма на бели влакна и со големина на човечка трепка, пишува „The Guardian“.

Странскиот организам, наречен „Thiomargarita magnifica“, е долг еден сантиметар и 50 пати поголем од другите големи бактерии. Ова е првата бактерија видлива со голо око. Тенки бели влакна беа пронајдени на површината на распаднати лисја од мангрова во плитката тропска област на мочуриштето.

Откритието е изненадувачкo, бидејќи според моделите на клеточниот метаболизам, бактериите не би требало да бидат толку големи. Бактеријата ја открил Оливие Грос, професор по морска биологија на „Универзитетот на Антили“ во Гвадалупе. Ова се случи додека се барале симбиотски бактерии во екосистемот на мангровите.

„Кога ги видов, помислив: чудно“, рече Грос.

По поблиска проверка, било откриено дека има чудна внатрешна структура. Додека кај повеќето бактерии ДНК-та слободно лебди во клетката, кај оваа бактерија ДНК-та е врзана за клеточната мембрана. Исто така, било откриено дека содржи три пати повеќе гени од повеќето бактерии, како и стотици илјади копии од геномот распространети низ секоја клетка, што ја прави невообичаено сложена.

На научниците не им е јасно како оваа бактерија станала толку голема. Една од можните причини за тоа е што се приспособила на овој начин за да ги избегне предаторите.

На други локации не се пронајдени такви бактерии. Откако истражувачите се вратиле на локацијата каде ја пронашле оваа бактерија, таа повеќе ја немало. Се претпоставува дека причината за неговото исчезнување е тоа што се работи за сезонски организам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот