Откриен таен тунел кој водел до бункерот на Хитлер

Фото: Профимедиа

Тајниот тунел кој води до букнерот на Хитлер е откриен во Берлин. Иако ова откритие ги подгреаа теориите дека Хитлер ја лажирал сопствената смрт во бункерот и побегнал пред крајот на Втората светска војна, патот низ кој води тунелот ги сруши надежите на оние кои веруваат во таа територија, пишува британскиот Дејли Експрес.

Бункерот во Берлин кој му служел како последно скривлиште на Адолф Хитлер повторно е предмет на истражување, бидејќи истражувачите по пронаоѓањето на тунелот ги разгледувале тврдењата дека тој ја лажирал смртта и побегнал во Јужна Америка во последните денови од Втората светска војна.

Според нивните наводи, тимот од серијата „Лов на Хитлер“ успеал да ја открие „петтата и никогаш претходно позната патека за бегство од бункерот на Хитлер, следејќи го декласификуваното досие кое тврди дека пилотот Луфтвафе Питер Баумгарт го пренел Хитлер со авион од Берлин од импровизирана писта на 29-ти април во 1945 година“.

Фото: Профимедиа

– Ова е напредок, дури и во мојата работа. Во последните 15 години никогаш не сме слушнале дека од неговиот бункер можеби постои уште еден излез. Тоа е целосен шок“, изјави еден од истражувачите, Саша Кејл.

Новата терорија сепак, претрпе прилично голем удар кога тимот наводно дознал дека тој тунел води од бункерот до Тиргартен „огромниот парк во центарот на престолнината“.

– Најбараниот човек во светот сигурно нема да излезе во централниот парк. Тоа не е логично. Зошто би се движел во тој правец, каде би одел? Мора да постои друго одредиште. Хитлер имал добар излез, смета друг истражувач, Лени Пол.

Фото: Профимедиа

Британскиот весник исто така истакнува дека ФБИ наведува дека „податоците во декласификуваните документи кои се однесуваат на бегството и појавувањето на Хитлер не можат да утврдат“, пренесува Спутник.

Претходно оваа година, истакнатиот британски историчар Ричард Ј. Еванс ја критикуваше серијата „Лов на Хитлер“ во својата нова книга, карактеризирајќи ја како полна со „претскажувања, сугестии и измислици“, додека практично „не се трудела да се позанимава со цврстите докази за смррта на Хитлер кои ги составија истражувачите од 1945-та година“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот