Пругасти глувци - Фото: Принтскрин/Јутјуб

Откриен ген кој може да одреди дали некој е добар или лош татко

Грижливите татковци се реткост кај животните, истражувањата покажуваат дека само 3 до 5 отсто од татковците кај цицачите активно учествуваат во одгледувањето на потомството. Но, причината зошто некои мажи се посвесни за родителство можеби се крие во невробиологијата, пишува „„Сентифик американ“ (Scientific American).

Ново истражување со африкански пругави глувци открива дека еден единствен ген, наречен „агути“, може да има клучна улога во тоа дали машките глувци се грижат за младенците. Имено, поактивната експресија на овој ген била поврзана со поголема агресивност, додека помалку агресивните татковци имале пониска експресија. Кога генот бил активиран кај грижливите глувци, тие станувале агресивни кон младенците.

Истражувачите објаснуваат дека социјалните и еколошките услови исто така влијаат, глувците во изолација покажувале поголема грижа за потомството, додека оние во погусто населени групи покажувале незаинтересираност. Генот агути ја интегрира долгорочната средина, а не моменталната достапност на храна.

„Мажите глувци имаат се што им е потребно за да бидат добри татковци. Не им треба нова невронска мрежа или уникатна еволуција на клетки во мозокот“, вели Кетрин Пенја, доцент по невронаука на Универзитетот Принстон и водечка авторка на студијата.

Африканските пругави глувци се, слично како луѓето, меѓу ретките цицачи кај кои мажите се делумно грижат за младенците, ги чистат и им обезбедуваат храна. Но, некои од нив го немаат овој инстинкт и дури можат да ги повредат своите младенци.

Студијата е значаен напредок во разбирањето на родителското однесување и неговата биолошка основа, особено затоа што односот на таткото е помалку проучуван од оној на мајката. Наодот дека генот агути, познат по улогата во пигментацијата и метаболизмот, влијае на инстинктот на татковците, бил вистинско изненадување, заклучуваат научниците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот