Откажани денешното и рочиштето во четврток за случајот „Геријатрија“ – Блерим Амити бил болен
Се отповикуваат двете главни судски расправи за случајот „Геријатрија”, од кои едната требаше да се одржи денеска во Основниот кривичен суд – Скопје, а другата на 18 септември.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Расправите се отповикани поради здравствени причини на еден од обвинетите, соопштија од Судот.
Станува збор за Блерим Амити , а неговата одбрана доставила медицинска документација до Судот, согласно која не може да присуствува на расправите.
Судењето ќе продолжи на следниот веќе утврден термин односно на 20 октомври.
На претходното рочиште обвинетите изјавија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.
Во предметот „Геријатрија“ се обвинети директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина, Мухсин Арифи, за примање поткуп, и Блерим Амити – за примање награда за противзаконито влијание.
Обвинението наведува дека Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба, додека, пак, Амити, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува, ја примил сумата и бил фатен од полицијата во моментот на примопредавањето.
Обвинетите во случајот „Геријатрија“ не се чувствуваат виновни за примање поткуп за болнички прием


