Откажана парадата на гордоста во Осло поради пукотниците во геј барот

Пукотница во Осло Фото ЕПА

Организаторите на собирот на поддржувачите на ЛГБТ во Осло ја откажаа годишната Парада на гордоста, која требаше да се одржи денеска, а тоа беше направено по совет на полицијата, по пукањето пред клубот популарни во таа заедница, во кое две лица беа убиени.

Организаторите соопштија дека полицијата ги советувала да ја откажат и парадата и придружните настани.

„Осло Прајд затоа ги повикува сите што планирале да учествуваат или да ја гледаат парадата да не доаѓаат. Сите настани поврзани со Осло Прајд се откажуваат“, објавија организаторите на својата Фејсбук страница.

Престрелката се случила синоќа пред бар во центарот на норвешката престолнина, која е популарна меѓу припадниците на ЛГБТ заедницата, изјавија очевидци.

Осомничениот за нападот е уапсен, а полицијата, како што соопшти, не верува дека било вмешано друго лице.

Во престрелката се повредени 14 лица, од кои осум се пренесени во болници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот