Откако јавно призна дека го изневерила, Вил Смит реши да ја почасти сопругата
Вил Смит и неговата сопруга Џејда Пинкет се во центарот на вниманието на јавноста, откако таа призна дека имала афера со 20 години помладиот музичар Аугуст Алсина (27).
Холивудскиот актер и неговата сопруга јавно проговорија за нивните приватни проблеми во драматичната емисија на Џејда „Red Table Talk“.
Jada Pinkett and Will Smith feel addressing affair 'best move' https://t.co/xKcEHoSIyH via @DailyMailCeleb
Ditch the bitch Will.— Well Said Gaz (@WellsaidGaz) July 14, 2020
За време на разговорот Џејда потврдила дека имала врска со пејачот Аугуст Алсина (27) за време на нивниот брак. Во разговорот актерот открил како Алсина влегол во нивниот живот додека бракот им бил на „стаклени нозе“.
Но денес изгледа дека сопружниците се снаоѓаат подобро од било кога, а аферата која самиот Алсина неодамна ја откри гостувајќи во една емисија се случила пред четири ипол години.
За да го избегнат скандалот што го стресе Холивуд, Вил, неговата сопруга и ќерката Вилоу решија да отпатуваат на Бахамите. Тие престојуваат во луксузното одморалиште „Albany“, каде што една ноќ чини 2.650 евра, а престојот во приватната резиденција изнесува над 4,4 милиони евра, дознава „Page Six“.
Откако Џејда го призна своето неверство, започнаа да кружат гласини дека Вил Смит бил со колешката Марго Роби. Останува да видиме, можеби и на оваа тема ќе го повика во живо во своето шоу „Red Table Talk“.