Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Фото: EPA / J J GUILLEN Инстаграм

Холивудската легенда Брус Вилис објави дека се повлекува од светот на актерството откако му беше дијагностицирана афазија. Неговото семејство објави на социјалните мрежи дека Брус има здравствени проблеми кои директно влијаат на неговите когнитивни способности.

Според клиниката „Мејо“, афазија „обично се појавува ненадејно по мозочен удар или повреда на главата“, а како друга причина се наведува и „бавно растечкиот тумор на мозокот“.

Исто така, афазија подразбира тешкотии во обработката или изразувањето вербална и писмена комуникација, а Вилис не е единствената ѕвезда којашто страда од оваа состојба.

Шерон Стоун

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Шерон Стоун во својот дом во 2001 година на 43-годишна возраст колабирала поради аневризма на мозокот и доживеала последователно церебрално крвавење кое траело девет дена. Кога Стоун била отпуштена од болница, таа ја изгубила способноста за читање и развила проблеми со говорот, вклучително и пелтечење.

Ренди Тревис

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Randy Travis (@therandytravis)

Откако добитникот на Греми, кантри ѕвездата Ренди Тревис, беше хоспитализиран поради вирусна кардиомиопатија, вирус кој го напаѓа срцето, тој доживеал мозочен удар во 2013 година. Набргу потоа, тој ја изгубил способноста да зборува и да го разбира јазикот, а својата борба со афазија ја опишал во мемоарите од 2019 година, „Засекогаш, амин: Мемоари на музиката, верата и храбрите бури на животот“.

Марк Мекјуен

Поранешниот метеоролог и естраден репортер Марк Мекјуен работеше во Си-би-ес 16 години. Тој известуваше за доделувањето на награди, неколку Олимписки игри и интервјуираше пет различни американски претседатели пред да доживее мозочен удар во 2005 година. Тој подоцна напиша на својата веб-страница за неговата борба со афазија и откри како пеењето песни од Стиви Вондер и „Битлси“ му помогнало да зборува потечно.

Мајкл Хејден

Генералот кој беше директор на НСА во администрациите на Клинтон и Џорџ Буш, а потоа и директор на ЦИА, доживеа мозочен удар непосредно пред Денот на благодарноста 2018 година. Додека интелигенцијата на Хајден останала недопрена, изгубената способност за читање и пишување останала трајна.

Емилија Кларк

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @emilia_clarke

Набргу по завршувањето на снимањето на првата сезона на „Игра на тронови“ во 2011 година, Емилија Кларк вежбала со својот тренер кога доживеала болна главоболка за која вели дека чувствувала како еластична лента да ѝ го стега мозокот.

Своето искуство за субарахноидално крвавење, невообичаен вид на мозочен удар предизвикан од крвавење на површината на мозокот, го сподели во минатогодишниот есеј што го напиша за „Њујоркер“.

„По крвавењето не можев да се сетам на името. Наместо тоа, од мојата уста летаа глупости и почнав да паничам. Таков страв никогаш не сум доживеала“, напишала таа. Нејзината афазија, за среќа, исчезнала по една недела.

Габи Гифордс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gabby Giffords (@gabbygiffords)

Габи Гифордс беше домаќинка на настанот Congress on Your Corner пред Сејфвеј во Тусон во јануари 2011 година, кога вооружен маж почна да пука во толпата, удирајќи ја во главата. Нејзината борба со афазија со години ја остави неспособна да артикулира повеќе од неколку зборови, но и понатаму можела да пее песни што ги научила пред да биде замалку убиена.

Овој феномен се јавува затоа што левата хемисфера на мозокот е одговорна за јазикот, но десната хемисфера е повеќе специјализирана за мелодија. Гифордс со текот на времето се опоравила и со својот сопруг основала организација за помош на жртвите на насилство.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот