Осум знаци на усните што ја откриваат здравствената состојба – од дијабетес до болести на црниот дроб

Profimedia

Испукани усни, црвенило, оток – разните појави на овој нежен дел од лицето, исто така можат да укажат и на посериозни здравствени состојби.

Усните се вратата што го отвора патот кон внатрешноста на телото, велат експертите за ајурведската медицина, и затоа треба да се обрне внимание на нивната боја, форма и цврстина и да не се игнорираат невообичаените појави. Тие наведуваат дека според ајурведата, горната усна ги претставува срцето, белите дробови, црниот дроб, желудникот и тироидната жлезда, а долната усна може да ги рефлектира случувањата во цревата.

Нутриционистите што се особено посветени на влијанијата на различните фактори врз состојбата на кожата, велат дека знаците на усните не треба да се игнорираат, туку треба да се решат што е можно побрзо. На кои знаци треба да обрнете внимание?

1. Брчки на горната усна

Со стареењето, брчките вообичаено се појавуваат, а може да ги интензивираат физичката и ментална напнатост, анксиозноста и пушењето. Денталната хигиена, која ви овозможува да одржувате доволно влажност во устата и на усните, игра голема улога за состојбата на усните, особено во постарата животна возраст. Сувите усни во комбинација со сувата уста кај луѓето постари од 70 години може да го олеснат заболувањето од респираторни инфекции.

Profimedia

2. Суви и испукани усни

Сувата уста обично е знак на блага дехидрираност, а тоа е нешто што може да се забележи и на усните – може да бидат суви и испукани кога немате доволно вода во телото. И климатските услови во голема мера влијаат врз состојбата на усните, така што многу луѓе постојано носат балзам за усни со себе во зима.

Секако би требало да се воздржите од лижење на усните, бидејќи со тоа само ќе ја влошите состојбата. Чешањето на усните, заедно со испуканоста, може да значи дека имате алергија.
Сувите усни се едноставно знак на слаба хидрираност или изложеност на ветар и сонце. Најдобар лек е да пиете доволно течности (вода), истовремено избегнувајќи кафе и газирани пијалаци. Исто така е добро да се чува шише со вода покрај креветот, да се освежите малку ако се разбудите ноќе.

3. Плускавци и ранички

Раничките и плускавците понекогаш, почесто во зима, се појавуваат на усните, обично поминуваат сами по себе или со помош на креми без рецепт што можете да ги купите во аптеките. Тие можат да бидат предизвикани од вирусот херпес симплекс, во тој случај веројатно ќе почувствувате боцкање и кинење на местото на кое ќе избие на површината.

Повеќето луѓе го носат овој вирус во организмот цел живот, а повремено може да избие повторно, во состојбите на нарушен имунитет итн. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем и генерално здравиот начин на живот, се намалува можноста тој да се „разбуди“.

Profimedia

4. Пукнатини на рабовите и аглите на усните

Ако премногу често ги лижете усните, можете да го зголемите ризикот од инфекција. Ако носите протези за заби, бактериите можат да се натрупаат и да предизвикаат инфекција. Ако усните ви се суви, ставете балзам на нив пред спиење.

5. Промени во бојата

Пушењето или прекумерното консумирање кафе може да ги потемни усните, но промената на бојата на усните може да укаже и на сериозен проблем со црниот дроб.

Ако усните посинат, тоа може да биде знак на недостиг на кислород во телото, во тој случај ќе посинат и прстите на рацете и нозете.

Ако вашите усни изгледаат бледо, можно е да имате анемија, недостиг на некој витамин или ниско ниво шеќер во крвта, а тоа може да се утврди со тестови на крвта.

6. Темни дамки

Темните дамки на усните може да бидат последица на изложувањето на сонцето. Тие обично се темнокафеави и можат да бидат мошне болни. Задолжително заштитете ги усните со балзам што има доволно висок заштитен фактор.

Овие дамки може да укажуваат и на недостиг на витамин Б12 или на хиперпигментација. Кај хиперпигментацијата, дамките (пегите) ќе бидат присутни и на носот, челото и образите.

7. Отечени усни

Ако тоа не е последица на удар, отечената усна може да биде знак на алергиска реакција. Ако усните отекуваат по нанесувањето кармин или сјај, можеби сте пречувствителни на некои состојки.
Но, ако истовремено се појави чешање и стегање во грлото, тоа може да биде алергиска реакција на нешто што сте го изеле. Ако реакцијата е силна, веднаш побарајте лекарска помош.

8. Црвени кругови околу усните

Воспалените црвени кругови околу усните се знак на егзема. И ова може да биде резултат на постојано лижење на усните, бидејќи со лижењето може да се отстрани заштитниот мрсен слој од кожата, која ќе стане црвена, ќе ве чеша и ќе се појават красти. Важно е да се негува погодената област со хидратантни кремови. Ако иритацијата е исклучително силна, користете природни производи без додаток на мириси и конзерванси.

Храна што го стимулира производството на плунка

За општо подобрување на состојбата на усните и устата се препорачуваат плодови што го стимулираат производството на плунка. Тоа се јаболка, краставици, домати, тиквички, лубеница, лимони и зеленчук полн со влакна, како моркови и целер. Зачините и зачинските билки како кајенската пиперка, ѓумбирот и анасонот исто така помагаат. Избегнувајте оброци што содржат само сува храна и солени преработени намирници бидејќи ја нарушуваат рамнотежата на минералите (особено на натриумот и калиумот) важни за одржување на рамнотежата на течностите во клетките.

Што може да значи сува уста

Сувоста на устата може да укаже на помали, но и на многу сериозни тешкотии. За почеток, треба да почнете да пиете повеќе течности и да јадете храна побогата со вода, да престанете да дишете преку уста и да преминете на дишење на нос, да престанете да ги лижете усните и, се разбира, да престанете да пушите. Ако забележите дека устата повеќе ви се суши откако сте почнеле да земате некој лек, разговарајте со лекарот за тоа, бидејќи може да постои алтернатива.

Причина за сувоста на устата може да бидат и посериозни состојби, какви што се габични инфекции, алергии и нетолеранција на храна, а влијание секако има и консумацијата на алкохол и дрога.
Многу сериозни состојби кај кои сувата уста е еден од симптомите вклучуваат дијабетес, Алцхајмерова болест и Сјогренов синдром, кој често се поврзува со други автоимуни болести (кај него имунолошкиот систем ги напаѓа жлездите што произведуваат течност, што доведува до сувост).

Поинаков проблем е актиничниот хеилитис – тоа е воспаление на усните, почесто на долната, и е последица на прекумерно изложување на сонце. Епителните клетки се оштетени, усната е црвена, отечена, сува и се лупи. Се смета за зголемен ризик за развој на рак на кожата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот