Фото: илустрација / Јутјуб / скриншот

Осуден е татко од Велес кој дозволил неговото дете да вози електричен тротинет

Основниот суд Велес му изрече условна казна затвор од три месеци на татко кој оставил тротинет во дворот, а неговото дете го зело да го вози, по што паднало и се повредило заедно со другар, јавува „СДК.мк“.

Родителот е прогласен за виновен за кривично дело „Предизвикување на општа опасност“.

За да не оди во затвор, таткото сега не смее да изврши друго кривично дело во следната година.

Настанот се случил на 1 мај годинава. Осудениот татко го оставил електричниот тротинет во дворот на семејната куќа, а и покрај тоа што бил свесен дека е достапен за управување и дека детето може да го земе, тој тоа не го спречил. Синот, чијашто точна возраст не се открива, го зел тротинетот, качил уште едно дете на него и, возејќи по стрмните улици во Велес, паднале и се повредиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот