Остроушко: Верувам во победа против Татран Прешов

В недела од 17.00 часот македонскиот ракометен клуб Еурофарм Работник ќе го игра петтиот натпревар од групата „Ц“ во Лигата на шампионите против словачкиот клуб на Татран Прешов во салата „Боро Чурлевски“.

Тренерот на битолчани, Стевче Алушовски вели дека Татран Прешов е искусна екипа, составена од репрезентативци на Словачка, интернационалци од Шпанија, Хрватска…

– Секоја година играат во Лигата на шампионите ии СЕХА лигата и сигурно нивната вистинска сила не е местото на табелата во нашата група. Сите шест екипи се изедначени, секој секого може да победи и против ниту една екипа не можете да кажете дека сте фаворит. Екипата е освежена, малку се одморивме од напорните патувања, но имаме проблеми со повредените ракометари. Неизвесни се Јотиќ и Стјепановиќ за неделниот натпревар, но без секого се може и се мора и кој и да настапи ќе го дадеме максимумот. Го анализиравме Татран и верувам дека ќе се радуваме на победа. Имаат искусна екипа, искусен тренер како Голужа, кој исклучително го ценам и нема да биде лесно – рече Алушовски.

Прочитајте и...  Драмата во Цирих со среќен крај за Металург! (ВИДЕО)

Стратегот на клубот додава и дека шансите за пласман во следната фаза се минимални, но уште постојат и не се предаваат играчите од идејата дека се екипа која може да игра со најдобрите.

– Во Лигата на шампионите нема лесен натпревар и секој натпревар е важен. Овој е посебно важен дуел и верувам дека ќе се радуваме на победа. Спремни сме, напорно тренираме и со помош на гледачите верувам дека можеме да победиме против Татран Прешов – се зборовите на украинскиот лев бек, Владислав Остроушко.

Во групата „Ц“ после четири кола води Савехоф со осум бодови, седум има Бидасоа Ирун, пет има Спортинг, по два Еурофарм Работник и Кокс по два, Татран Прешов 0.

Прочитајте и...  Елмас и Пандев ќе играат против Косово, нивните тестови на корона се негативни

Прочитај повеќе

Реал едвај го победи Ваљадолид, Винисиус Жуниор погоди за три бода (ВИДЕО)

Слободен печат

Митлијанд, Салцбург и Краснодар последни учесници во ЛШ

Слободен печат

Димитриевиќ и Хувентуд со пресврт го совладаа Партизан

Слободен печат

Аталанта го понижи Лацио сред Рим

Слободен печат

Германскиот суперкуп за Баерн Минхен (ВИДЕО)

Слободен печат

Погледнете како изгледа куќата на Мајорка каде Михаел Шумахер ќе го продолжи лекувањето, само три лица смеат да го посетат (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ништо од трансферот: Локомотив Москва се обиде да го измами Манџукиќ

Слободен печат

„Петарда“ на Интер на гостувањето кај Беневенто (ВИДЕО)

Слободен печат

Милан го продаде Пакета и загуби 17 милиони евра

Слободен печат

Имер опиша како е да се игра против Ѓоковиќ: Се чувствував како да ме дави змија

Слободен печат

Нејмар во проблеми: На Шпанија и должи 34 милиони евра за неплатен данок

Слободен печат

Умит Каран се врати на клупата на Шкупи: Имаме шампионски тим

Слободен печат