Unsplash
Фрижидер - Фото: Unsplash

Остатоци од велигденската трпеза – колку долго навистина може да стојат во фрижидер?

Остатоците од традиционалната велигденска храна, како варени јајца, шунка, печено месо и други месни јадења, може да се чуваат во фрижидер најмногу три до четири дена.

На пример, варените јајца треба да се искористат во рок од една недела, но само ако цело време биле чувани во фрижидер и не се оштетени, пренесува хрватски „Нет“.

Печеното месо може да се консумира до четвртиот ден, под услов веднаш по оброкот да биде правилно изладено и складирано во затворен сад.

Ако храната не се потроши во тој рок, се препорачува замрзнување, со што се продолжува нејзиниот рок на траење и се спречува фрлање.

Колку долго различни остатоци од храна остануваат свежи?

Сланина: ако не ја потрошите целата, може да се чува во фрижидер една недела од моментот на купување или отворање. Зготвена сланина може да трае пет до 14 дена ако е правилно изладена и чувана во фрижидер.

Домашен леб: кога се чува во оставa од денот на печење, може да трае три до пет дена, а во замрзнувач до три месеци.

Колачи: може да траат до 10 дена ако се правилно изладени од моментот на подготовка.

Ролати со цимет: во оставa може да стојат еден до три дена, а замрзнати до три месеци.

Јадења од јајца: треба да се изедат во рок од три до четири дена ако се чувани во фрижидер, а замрзнати може да траат до три месеци.

Тврдо варени јајца: може да траат до една недела во фрижидер ако се правилно складирани.

Шунка: свежо зготвена може да се јаде до една недела по ладење, а замрзната до два месеца. Купена шунка по отворање трае до пет дена во фрижидер и до два месеца во замрзнувач.

Пити со свежо овошје: може да се чуваат една недела во фрижидер, а до осум месеци ако се замрзнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот