Основачот на „Најки“ го купува Портланд?

Фил Најт е потенцијалниот нов сопственик на НБА тимот Портланд треилблејзерс/ фото: EPA/PETER FOLEY

Основачот на производителот на спортска опрема „Најки“, Фил Најт, веќе доставил понуда да го купи НБА тимот Портланд треилблејзерс, објави новинарот Адријан Војнаровски.


Фил Најт има партнер во купувањето на Портланд, тоа е еден од косопствениците на бејзбол тимот на Лос Анџелес доџерс, Алан Смолински. Тие двајцата испратиле понуда тешка преку две милијарди долари за купување на НБА тимот.

Актуелен сопственик на Портланд треилблејзерс е еден од основачите на Мајкрософт, Пол Ален кој исто така е сопственик и на НФЛ тимот Сиетл сихокс и на фудбалскиот тим Сиетл саундерс.
Фил Најт е роден во Портланд и седиштето на најпознатиот производител на спортска опрема е токму во овој град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот