Османи: Реално поквалитетни сме од Номе Калју и Дуделанж!

Фото: Фејсбук/Шкендија

Иако ја имаа фаворитската улога, на крајот двапати беа поразени од претставникот на Луксембург.

– Не само на овие два дуели, туку и на сите четири меча не беше како што посакувавме. Мислам дека реално Шкендија е поквалитетна и од Номе Калју и од Дуделанж. Факторот среќа не беше на наша страна. 60 минути игравме како што сакаме, па се случи тој примен гол. Израмнивме, па со сите сили се обидовме да постигнеме уште еден, но не успеавме. Елиминирани сме, сега гледаме напред и се насочуваме кон новата сезона во шампионатот. Доколку направиме подлабока анализа, некои играчи не беа во потребната форма во која се навикнавме да ги гледаме, се соочивме со повреди, отсуство на фудбалери во почетната фаза од летните подготовки, како дел од причините зошто не успеавме да се пласираме во следната фаза – се зборовите на тренерот на Шкендија, Ќатип Османи после возвратниот меч.

Шкендија во финишот доби дури три црвени картони, судиска правда делеше Велшанецот Грифит.

Исклучен Муслиу во 84 минута кој неславно го заврши својот последен меч во дресот на првакот и наскоро треба да го засили унгарскиот МОЛ Фехервар.

Во 94 минута Валмир Нафиу направи прекршок, на кој исто така му беше покажан патот кон соблекувалните, на што бурно реагираше Агим Ибраими.

Стрелецот на израмнувачкиот гол ги загуби нервите и тргна физички да се пресмета со судијата и удри со глава. И тој „поцрвене“, но и натаму ја изразуваше својата лутина кон велшкиот арбитар.

УЕФА е драстична и спремна да ги казни играчите, клубовите поради ваквите немили настани. Од Европската фудбалска куќа ќе се чека информација колкава ќе биде евентуалната казна, односно суспензија за Ибраими. Се очекува УЕФА да „удри и по џебот“ на Шкендија, три црвени, шест жолти картони, веста за нападот на Ибраими врз судијата брзо се прошири и во регионот…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот