Османи: Навредливо е да се договараат коалиции без да се слушне волјата на народот

Бујар Османи прес/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи смета дека изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за заминувањето на ДУИ во опозиција и коалицирање со албанската опозиција „Вреди“ е шовинистичка и навредлива. Османи посочи дека Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците, за тоа ќе одлучи народот на избори.

-Повредено им е достоинството на гласачите со изјавата дека воопшто нема да биде важна нивната волја за кого ќе се определат. Тоа е омаловажување на волјата на избирачите, тоа не само што на е демократски, туку Албанците ги враќа во времето на Рахман Морина, изјави Османи на денешната прес-конференција и додаде дека е навредливо да се збори за коалиции девет дена пред избори.

Тој посочи дека со политиките што сега ги застапува Мицкоски државата може да загуби 20 години од европските интеграции. Според Османи, ДУИ и Европскиот фронт имаат јасни позиции од кои нема откажување, како што се почитување на Преспанскиот и Охридскиот договор и Договорот за пријателство, ветинг за секој иден функционер, со проверка и од страна на меѓународен борд, како што рече, во кој ќе има претставници од САД, НАТО и ЕУ.

Потпретседателот на ДУИ додаде дека сè уште нема одлучено дали и кому ќе ги препорача освоените гласови од првиот круг од претседателските избори.

Мицкоски: Партнерот ќе го бараме во албанската опозиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот