Oсмани: Најдобро е Груевски да се врати, ги има сите информации за државата, а е во рацете на друга држава

Бујар Османи во ОН/ Фото: ОН/Manuel Elías

Најдобро решение е Груевски да се врати и да продолжи со судењата, смета министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ваквиот став го оправдува со безбедносниот аспект. Смета дека е штетно за државата, човек  кој повеке од една деценија бил премиер , некој друг да го има во раце, вели шефот на дипломатијата кој негира дека имало иницијатива или разговори за негово враќање.

За Османи темата околу Греувски е резултат на паника и страв во ВМРО-ДПМНЕ кон психолошкиот лик на поранешниот лидер а не општествено прашање . Вели дека се прави фама околу комуникација со Груевски како резултат на нивните внатрешни односи.

–Од политички аспект има едно прашање кое знам дека ќе се злоупотреби, но од безбедносен аспект да имате премиер кој што ви бил премиер повеќе од 10 години и ги имал сите информации на државата, а е во рацете на друга држава, тоа не е паметно за било која држава, Бујар Османи, министер за надворешни работи

Објснувањето на Османи е смешно за неговиот поранешен сопартиец а сега лидер на Демократско движење, Изет Меџити . Вели Груевски досега имал доволно време да ги издаде информациите, ако сакал.

Меџити кој претходно го праша  Османи дали го посетил Груевски во Будимпешта, денеска фрли нов сомнеж .

„За жал, денеска се докажа дека поранешниот режим на ВМРО на чело со Никола Груевски е во соработка со ДУИ. Мислев дека во 2016 година се разделија, но сега излезе на површина дека тајно одржувале контакти, си помагале, а денес господинот Османи докажа дека работат на враќање на Груевски овде. Поради тоа го сменија Кривичниот законик, поради оваа причина зборуваат за закон за амнестија, само да бидат во функција на враќањето на Груевски“, изјави Меџити за Лајм.

Колку судски предмети на Груевси ќе преживеат е во фокусот на правните анализи по спорните измените на КЗ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот