Куманово / Фото: Зоран Милановски / Google Maps

Во поголемиот дел од Куманово утре некое време ќе нема струја

На повеќе локации низ Куманово утре ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, јавува Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:30 до 14:30 часот утре прекини ќе има во ООУ „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и на улиците „Иво Андриќ“, „Радоје Димиќ“, „Веселин Маслеша“, „Будимир Димковски“, „Милентие Поповиќ“, и „Благој Пецкалија“.

Во истиот период без струја ќе останат и корисниците од улиците „Бранко Радичевиќ“, „Ратко Митровиќ“, Михајло Пупин, „30-ти Јули“, „Стево Филиповиќ“ и „Руѓер Бошковиќ“.

Во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Илинденска“, „Kирил и Mетодиј“, дел од булеварот „Tрета МУБ“ поточно спроти „Рим Париз“.

Утре од 09:10 до 10:30 без струја ќе останат и улицата „Доне Божинов“, локалитетот Прмакови ниви, објектите спроти Спомен-костурница, кланица „Црн Бик, Ново Куманово, Железничка станица и населбата Средорек.

Прекини во истиот период утре ќе има и на улицата „Јоско Илиевски“, на спортскиот аеродром Аџитепе, како и во фабриката „Феликс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот