Бујар Османи / Фото: Фејсбук

Османи е против новиот Закон за правична застапеност: Слаб е и не може да го замени „балансерот“

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше по објавата дека предлог-законот за фер и соодветна застапеност на етничките заедници во државната администрациј добил позитивно мислење од Венецијанската комисија.

Османи вели дека предметниот предлог-закон не може да го замени механизмот „балансер“, бидејќи според него, има неколку недостатоци.

„Зошто новиот закон за „фер и соодветна застапеност“ е слаб и не може да биде замена за „балансерот“, бидејќи повеќе не е задолжителен, туку ориентирачки. Бидејќи не дејствува автоматски, туку зависи од волјата на администрацијата. Бидејќи не го блокира донесувањето одлуки кога е нарушена застапеноста, туку само ја евидентира. Бидејќи не дејствува ex ante туку ex post. Бидејќи не создава директни правни последици за непочитување. Бидејќи ја поместува еднаквоста од закон во јавна политика. Бидејќи дозволува толкување, одложување и релативизација. Бидејќи не гарантира вистинска застапеност, туку управување со застапеноста. Балансерот функционираше затоа што не оставаше простор за импровизација. Овој закон остава само простор. А кога законот создава простор, нееднаквоста секогаш го експлоатира. Не треба да помине!“, напиша Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот