Ослободете се од старечките пеги и изедначете го тенот: Само помешајте ги овие состојки и нанесувајте ги еднаш неделно на лицето!

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Оваа маска се прави брзо и лесно, а ако се користи редовно, може да го изедначи и тенот…

Витаминот Ц е моќен антиоксидант кој има благотворно дејство на кожата на лицето, а токму поради тоа можете да го видите и во составот на многу „anti-age “козметички производи.

Користењето на витаминот Ц во служба на убавината може да ги намали знаците на стареење, да го намали ризикот од појавата на црни и старечки дамки, да ја обнови кожата на лицето по сончањето и да ја намали појавата на акни.

Како на природен начин да го искористите витаминот Ц за нега на кожата на лицето?

Едноставно е – направете органски прав од кора од портокал и маска која содржи многу витамин Ц.

Портокалите од органско потекло излупете ги и кората исушете ја на сонце. После два дена сомелете ја сувата кора од портокал и од неа направете прав. Со добиениот прав направете ја следната смеса:

Состојки:

– 1 лажица прав од кора од портокал
– 1 лажица мед
– 1 лажица јогурт или урда
– прстофат куркума
– малку вода

Подготовка:

Сите состојки добро измешајте ги и соединете ги, па нанесете ги на лицето и држете ги околу 15 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода. Доколку сакате загарантирани резултати маската употребувајте ја секоја недела.

Видео на денот