Ослободена Италијанката киднапирана пред две години во Кенија

Силвија Романо, Италијанката која беше киднапирана во Кенија пред 18 месеци, е ослободена и се очекува денеска да се врати во Италија, соопшти италијанската Влада.

– Силвија Романо е ослободена. Им благодарам на мажите и жените од странската разузнавачка служба. Силвија, ве чекаме во Италија, напиша премиерот Џузепе Конте на својот профил на Твитер.

Министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо изјави за државната телевизија дека Романо е пронајдена во Сомалија и ослободена благодарение на странската разузнавачка агенција. Тој додаде дека таа ќе пристигне во Рим со специјален лет.

Романо во ноември 2018 година беше киднапирана во северна Кенија од вооружени напаѓачи додека работеше за италијанска добротворна организација, наречена Африка Милела. Ниту една група не ја презеде одговорноста за киднапирањето. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот