Оскари: Како глумиците одбираат фустан за Ноќта на Оскарите – 2 дел

Актерките добиваат помош од стилистите: Лесли Фремар е една од најпознатите и раскажува како работела со Џулијан Мур и Шарлиз Терон.

Прочитајте го првиот дел од четивото тука.

Лесни Фремар, една од најбараните стилистки во Лос Анџелес, раскажува како ги одбираат фустаните за Ноќта на Оскарите нејзините три славни клиентки, Шерон Терон, Џулијан Мур и Риз Витерспун.

Фремар започнува да работи на облеката за Оскарите на почетокот на јануари, кога пристигнуваат официјалните покани. За Шерон Терон, најчесто изборот е на Диор (бидејќи е заштитно лице на козметичката линија, поточно на парфемите на Диор). Еве како изгледаат контактите: Фремар контактира со високи претставници на модната куќа, предлагајќи ги боите, формата и материјалите што најдобро ѝ одговараат на актерката. Потоа, тим од модната куќа доаѓа кај неа, за да нема неразјаснети прашања или сомнежи. Тимот носи неколку нацрти – идеи. Нацртите се разгледуваат, а потоа се испраќаат назад, со барање да се направат некои промени. Ваквите препраќања се случуваат три-четири пати додека да се дефинира совшрениот модел. Потоа, повторно доаѓа тимот за да земат мерки од глумицата. За извесен период, повторно тимот се враќа кај Фремар со фустанот за да се направи првата проба. Првата проба треба да биде најдоцна три недели пред Оскарите. Следуваат уште најмалку четири проби, а фустанот „лета“ од Париз, до Лос Анџелес и обратно. Обично последната проба се случува на два дена пред настанот.

Риз Витерспун е позната по тоа што знае да направи најнепредвидливи избори. Сепак, таа го почитува елегантниот стил на големите брендови како Сен Лоран, Калвин Клајн и Стела Мекартни, но на пример, во 2015 година таа носеше креација од Том Форд. Елегантниот фустан пак, кој Витерспун го носела на Оскарите, иако бил од славното ателје на Оскар дела Рента, прежиевал редизајн и тоа по сугестија на Фриман, а во консултации со глумицата. Пред церемонијата, фустанот „летал“ напред – назад меѓу Лос Анџелес и Њујорк, трипати, пред да стигне до последната верзија – без ремен.

На Џулиен Мур пак, според Фремар, најмногу и одговара стилот на Шанел, а креација од Шанел носеше и кога го освои Оскарот во 2015 година. Вработените на „Шанел“ ѝ предлагаат на Мур неколку креации од високата мода, пред да дојде до изборот. Оригиналниот фустан може да биде и обоен во друга нијанса, според договорот на глумицата и стилистката. Шанел, обично не работи по нарачка, но промените од Мур ги прифаќа само поради пријателството на глумицата со дизајнерот, сега починатиот, Карл Лагерфелд.  Мур го пробала четири пати „оскаровскиот“ Шанел фустан пред церемонијата, а за самиот фустан пак, биле потребни 500 часа работа и 22 луѓе да го направат.

Успешноста на стилистката Фремар се заснова на две важни рамнотежи: наоѓање фустан што најдобро ги претставува особеностите и вкусовите на актерката и, оригиналност, но со чувство за мерка: „До сега видовме речиси сè. Ако отидете со креацијата премногу далеку, критикувани сте: а целта е да одите малку подалеку и да изгледате поинаку, но не и да бидете критикувани“, објаснува Фремар.

Инаку, познатата стилистка која облекува бројни ѕвезди, се грижи за изгледот на Терон, Мур и Витерспун и за други важни настани.

 

ОСКАРИ: Како глумиците одбираат фустан за Ноќта на Оскарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот