ОСКАРИ: Како глумиците одбираат фустан за Ноќта на Оскарите

Актерките добиваат помош од стилистите: Лесли Фремар е една од најпознатите и раскажува како работела со Џулијан Мур и Шарлиз Терон.

Во Лос Анџелес на 9 февруари ќе се случува доделувањето на Наградите на Академијата, подобро познати како Оскари. Вечерта е важен настан не само за да се дознае кој ќе добие статуетка, туку и актерите да ја покажат облеката и новите трендови во елегантната мода. Затоа, Ноќта на Оскарите е подеднакво значаен настан и за модните дизјанери.

Тоалетите се презентираат на црвениот тепих што му претходи на влезот на гостите во театарот Долби, каде церемонијата традиционално се одржува.

Ноќта на Оскарите е еден од најгледаните настани во светот.Таквата, огромна публика очигледно ги привлекува интересите на важните дизајнери стилисти, како и на модните компании, кои се обидуваат да облечат некоја или неколку актерки за настанот, а со тоа и да го привлечат вниманието кон себе. Шанел, Диор, Армани, Версаче, Марчеса и други светки познати брендови се присутни на црвениот тепих. Имено, самите прочуени модни куќи имаат задолжен тим во составот на компанијата кои цела година работат една работа – одржување врски со познати луѓе!

Сега појасно е, нели? Глумиците не „трчаат“ по модите креатори за да облечат нивна тоалета за Ноќта на Оскарите, туку ситуацијата е во обратна насока. Модните куќи се „тркаат“ да облечат што пославно име. Истото важи и за славните производители на накит, меѓу кои предводи „Картие“.

Новинарката Лорен Шерман објасни во модното списание „Бизнис оф фешн“ како актер или актерка се случува да одлучат да носат костум, односно фустан, од една компанија на Оскарите, а не од друга. Поточно, таа раскажа како работи стилистката Лесли Фремар, која се грижи за изгледот и облеката на некои познати актерки како Џулиен Мур, Рис Витерспун и Шарлиз Терон, препорачувајќи им фустани, накит што одговара, шминка и фризура. Фремар е еден од најпопуларните и најбараните стилисти во Холивуд, а има работено и со Ана Винтур, главната уредничка на американскиот „Вог“. За време на Оскарите, на Фремар ѝ помагаат двајца асистенти, бидејќи таа не може да се грижи за тројца клиенти самостојно во исто време.

Покрај актерките, Фремар мора да се грижи и за односите со модните куќи (односно со тимот кој е задолжен за одржување на контакти со познати лица), за да може лесно да се добие посакуваната облека вклучувајќи ги и интервенциите на фустанот за да ги задоволи клиентите. Компаниите пак, се фокусираат на актерките кои најдобро го претставуваат нивниот стил, односно бренд, на најпознатите глумици, но и на глумците кои можат да го освојат Оскарот, обидувајќи се да избегнат сличности и стилови на преклопување помеѓу една актерка и друга. Фремар објасни дека актерките не плаќаат за облеката што ја носат за Оскарите, туку едноставно избираат што да носат, со исклучок на оние кои имаат договор со компанија, затоа што, на пример, моментно се ангажирани со годишен договор од модната компанија како заштитни лица во маркетинг кампањите или како амбасадори на брендот. Такви договори имаат, на пример, Моника Белучи со модната марка Долче и Габана, Шарлиз Терон со Диор (бидејќи е протагонист на рекламите за парфеми J’Adore од 2004 година до денес), но и со Живанши, и така натаму.

Кога актерката ќе се одлучи, по советите на стилистот, кој фустан треба да го носи, таа го пробува неколку пати – обично најмалку четири – до деновите пред церемонијата за да се осигура дека совршено ѝ стои. Ако модната куќа е европска, фустанот најмалку четири пати „патува“ од Европа до Лос Анџелес и обратно, секој пат кога актерката има проба. Но, не „лета“ само фустанот, туку тој е придружен од луѓето задолжени да направат било-какви промени и интервенции на креацијата. Ова е причината зошто Фремар повеќе сака да работи со американски компании, поради близината, а тоа заштедува прилично доста време, но како што рекла таа и „ затоа што тие подобро го разбираат чувството на итност на Оскарите“.

Фремар, исто така, претпочита да работи со големи и важни компании не толку поради прашање на престиж, туку поради безбедност: малите компании често ангажираат надворешни кројачи за моменти на тешка работа, за кои не може да се гарантира дека се сигурни и стручни. Големите модни куќи пак, од друга страна, можат да сметаат на нивните вработени кројачи, кои можат да ги направат вистинските измени дури и во последен момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот