фото: EPA-EFE/DANILO DI GIOVANNI

Оскар Пјастри со пол позиција за главната трка во Имола

Оскар Пјастри обезбеди старт од пол-позицијата за главната трка на Големата награда на Емилија Ромања во Италија откако го постави најбрзиот круг во квалификациите (1:14.670) во Формула 1 шампионатот.

Макс Ферстапен обезбеди старт од второто место (+0.034), додека Џорџ Расел (+0.137) ќе стартува како трет.

Британскиот возач на Мерцедес влезе во последниот дел од квалификациите со најбрз круг, но Пјастри стигна до најдобар резултат во третата етапа.

Почетокот на квалификациите за трката Емилија-Ромања беше доста турбулентен, Јуки Цунода доживеа голема несреќа кој со својот болид „Ред Бул“ излета од патеката и удри во заштитната ограда.

Ферари имаше разочарувачка втора етапа, откако нивните двајца возачи беа првите под цртата по втората рунда од квалификациите. Тие беа неколку десетинки зад Александар Албон, а Луис Хамилтон ја пропушти шансата да се бори за пол позиција за прв пат во новиот болид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот