Организаторите на пазарите да си ги пребројат тезгаџиите, апелира УЈП
Паушално се оданочуваат само физички лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Сите лица кои вршат продажба на други добра не може да се оданочуваат паушално и треба да бидат регистрирани во некоја од организационите форми согласно Закон за трговски друштва ЗТД (правно лице или трговец поединец – вршител на дејност).
Управата за Јавни приходи ги потсети организаторите на зелените пазари на обврската за поднесување Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари и тоа посебно за секој одделен зелен пазар. Од УЈП, додаваат и дека доколку во текот на годината се сменил бројот на корисници на зелениот пазар, трговецот е должен да достави нов извештај до УЈП најдоцна до 10-ти во месецот. Доколку пазарот е од сезонски карактер, потребно е навремено известување до службите на УЈП, со соодветно појаснување и приложени докази, за пазарот да биде означен како сезонски во системот е-Даночни услуги.
Препорачано
-Паушално се оданочуваат само физички лица кои вршат продажба на сопствени земјоделски производи на зелените пазари. Сите лица кои вршат продажба на други добра не може да се оданочуваат паушално и треба да бидат регистрирани во некоја од организационите форми согласно Закон за трговски друштва ЗТД (правно лице или трговец поединец – вршител на дејност). Нивното оданочување се врши во зависност од организационата форма во која се регистрирани. Врз основа на доставените извештаи, Управата за јавни приходи врши утврдување на данокот на личен доход, за што донесува решенија за паушално оданочување најдоцна до 31 јануари 2026 година, или најдоцна до крајот на месецот кој следи по месецот за кој се однесува промената во извештајот. Со решението за паушално оданочување, Управата за јавни приходи до даночниот обврзник доставува месечни аконтативни пресметки за плаќање на данокот.
Рок за плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход е до 15-ти во месецот за претходниот месец – објаснуваат од УЈП.
Последните анкети покажаа дека 60 отсто од граѓаните ги преферираат зелените пазари како места од каде се снабдуваат со овошје и зеленчук. Една петтина од нив одговориле дека купуваат во маркет (21 отсто), а од двете места се снабдуваат 18 отсто од нив. Последниве години Зелениот пазар во Скопје се издвојува како најфреквентен, но дел од пазарџиите оценуваат дека последниве години продаваат помалку зеленчук и овошје за околу 30 отсто. Според нив, најголемо влијание за тоа е што дуќаните, за разлика од пазарите имаат подолго работно време, што им овозможува на граѓаните да пазарат откако ќе се вратат од работа.
Инаку, АД „Скопски пазар“, управува со 12 зелени пазари со капацитет од околу 2.700 продажни места -тезги. Дополнително компанијата располага со деловен простор претежно наменет за изнајмување на други корисници со вкупна површина од околу 55.000 квадратни метри. Откако е воведена неработната недела, тоа не важи за зелените и цветните пазари.
Последната информација од Групацијата за пазари при СКСМ покажува дека во Македонија постојат околу 15.000 до 20.000 закупци на тезги, што значи дека над 10.000 семејства живеат од тргувањето на зелените пазари.


