Општина Аеродром СО ВАЖЕН АПЕЛ до граѓаните

Фејсбук

Општина Аеродром апелира до граѓаните да не поставуваат штетни материи на јавни површини, кои претставуваат опасност за домашните миленици, бездомните животни и децата што си играат во парковите.

Локалната самоуправа добила информации дека на јавните површини во општината има расфрлено отров, со што се загрозува животот на животните и на луѓето.

– Инспекциските служби на Општина Аеродром се на терен, а сезонските работници го пребаруваат секој сомнителен реон, информираа од Општина Аеродром.

Повикуваат, доколку забележите супстанција за која сметате дека е опасна, пријавете во полициската станица „Аеродром” на телефонскиот број 02/2432-362, нагласувајќи дека исклучително е важно да не допирате ништо и да не ја напуштате локацијата сѐ додека не дојде претставник од полициската станица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот