Судот му ги зеде пасошите на возачот кој го прегази Јорго Ќука на пешачки – во притвор не оди бидејќи ОЈО не побара
Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека е прифатен предлогот за определување мерки на претпазливост за осомничениот возач кој со голема брзина удри во 78-годишниот велосипедист Јорго Ќука, кој поминувал на пешачки премин. Од ударот, поранешниот директор на ОХИС почина на самото место. Возачот потоа избега од местото на несреќата на булеварот „Гоце Делчев“. Обвинителството не бараше притвор, туку само мерки на претпазливост за возачот, а судот денес тоа го прифати.
Препорачано
Мерките на претпазливост за осомничениот кој се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, се: одземање на македонскиот и српскиот пасош и возачката дозвола, како и забрана за напуштање на живеалиштето и обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган.
„Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата „Лазар Личеноски“ осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал, соопшти вчера ОЈО за трагичниот инцидент кој се случи вчера околу пладне.
Тешка несреќа во центарот на Скопје – прегазена жена на пешачки, возачот избегал


