Опасна бактерија откриена во маслиники – производителот ги повлече од германските пазари
Германскиот производител Kalamatos Food GmbH го повлече од продажба производот „Црни маслинки без семка со лук“ поради сомневање за присуство на опасна бактерија – листерија.
Препорачано
Како што е наведено, станува збор за пакување од 180 грама, со рок на траење од 14.07.2025 година и со сериски број 16062025. Производот бил достапен во големите малопродажни синџири Rewe и Edeka во неколку германски сојузни покраини – вклучувајќи ги Берлин, Хамбург, Бремен, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија и други.
Бактеријата е откриена за време на внатрешна контрола во компанијата. Станува збор за Listeria monocytogenes, микроорганизам кој може да предизвика инфекција позната како листериоза. Иако е ретка, листериозата може да има сериозни последици – особено за бремени жени, постари лица и оние со ослабен имунолошки систем.
Симптомите на инфекција вклучуваат треска, болки во мускулите, повраќање и дијареја, а во потешки случаи може да доведе до менингитис или труење со крв (сепса).
Компанијата им се извини на потрошувачите и истакна дека веќе ги презела сите потребни мерки за да спречи слични случаи во иднина. Предупредувањето беше објавено и на официјалната веб-страница на Федералниот институт за заштита на потрошувачите и безбедност на храната (BVL), а веста ја пренесува Fenix.


