Фото: Профимедиа

Онколог: Би сакала жените над 50 години да јадат една намирница почесто

Превенцијата на рак на дојка никогаш не е целосно под наша контрола. Генетиката и другите фактори играат голема улога, но сепак, можеме да го избереме што го внесуваме во тело.

Урамнотежената исхрана што вклучува зеленчук, овошје, интегрални житарки, како и немасни и растителни протеини може да го намали ризикот од разни болести, вклучително и рак на дојка. Лекарите истакнуваат дека ризикот се зголемува со возраста, а повеќето дијагнози се поставуваат кај жени постари од 50 години.

Токму затоа онкологот д-р Бхавана Патак посебно ја нагласува важноста на една намирница – брокулата.

„Брокулата содржи пребиотски влакна, растителни протеини и сулфорафан – клучни состојки што се борат против ракот бидејќи ги хранат здравите бактерии во цревата, го намалуваат воспалението, ја одржуваат метаболичката рамнотежа, го намалуваат оштетувањето на ДНК и ги уништуваат клетките на ракот“, објаснила таа за „Парада“ (Parade).

Малите промени во исхраната можат да придонесат за намалување на ризикот од рак на дојка на долг рок

Д-р Патак нагласува дека нејзиниот совет не е само повторување на добро познатата фраза за тоа колку е здрава брокулата. Освен што содржи три грама протеини по порција од 3 унци, брокулата е исто така богата со растителни влакна, железо и други хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на цревата.

„Главната цел е да се активира моќта на сулфорафанот со сечкање или џвакање на брокулата“, вели таа. Соединението се произведува со природна ензимска реакција во растението и игра важна улога во спречувањето на формирање на клетки на ракот.

Според д-р Патак, готвењето може да ја намали количината на сулфорафан, но сечкањето на брокулата пред готвењето помага да се зачува соединението.

„Кога имам време, ја сечкам брокулата и ја оставам да отстои неколку минути пред да ја додадам во јадење. А кога немам време, само ја купувам претходно сечкана – тоа е мојот мал трик“, вели Патак.

Таа додава дека малите промени во исхраната, како што е редовното вклучување брокула, можат да помогнат во намалувањето на ризикот од рак на дојка на долг рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот