Фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Оние што се хранат со морски плодови „јадат“ по една кредитна картичка неделно

Секоја минута во светот се искористуваат и фрлаат три милиони заштитни маски, а многу завршуваат во природата и претставуваат вистинска еколошка бомба, пишува весникот „Фанпејџ“.

Заштитните маски се направени од пластични полимери, кој што во природата шири т.н. микро и нано пластични честички, со дијаметар помал од пет милиметри.

Микропластиката, вклучувајќи ја и онаа што настанува со разложувањето на заштитните маски, остава во природата отровни материи, како што се тешки метали, наведува „Фанпејџ“.

Организацијата за заштита на животната средина предупредува дека, со оглед на тоа што не постојат упатства како да се ослободите од заштитните маски, расте опасноста од понатамошно загадување на околината.

Микропластиката од морето често завршува во телата од морските животни, вклучувајќи ги и оние што ги јадеме.

Друго истражување покажало дека јадејќи морска храна неделно, во нашето тело внесуваме пет милиграми микропластика, што е исто како барем еднаш неделно да јадеме добро измелена кредитна картичка.

Во Италија искористените заштитни маски завршуваат заедно со другиот отпадок, но со оглед на количината, некои специјализирани фирми веќе работат на изработка на посебни контејнери, бидејќи се направени од пластика, да може да се рециклираат и истите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот