Омилениот ММА борец на Трамп повторно го нападна Леброн Џејмс (ФОТО)

Контроверзната УФЦ ѕвезда, Колби Ковингтон ги продолжува нападите кон играчот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, кој пај е голем противник на политиките на американскиот претседател Доналд Трамп.

Најголемиот брбливко во УФЦ, Колби Ковингтон преку социјалните мрежи повторно го нападна на кошаркарот на новиот НБА шампион ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс.

Ковингтон вниманието на јавноста го привлекува со разни провокации, а декор од тој амбиент на социјалните мрежи се и полуголите девојки. Овој пат Ковингтон се фотографираше со маичка на која пишуваше „Е*и го Леброн“ и го нападна кошаркарот како еден од главните виновници за лошата гледаност на НБА финалето.

Морам да му честитам на својот „пријател“ Леброн за гледаноста која е 50% помала од минатогодинешното финале. Знам дека доколку можеш ќе ја обвиниш пандемијата, но на сите им е мака од твоите с**ња за социјалната и расната еднаквост. Додека гледаноста на НБА опаѓа, таа на УФЦ расте, а со тоа растат и нашите новчаници“, порача  Ковингтон преку социјалните мрежи.

Зад постојаните напади на УФЦ борецот кон Леброн Џејмс кој е еден од најпознатите и најгласните заговорници против полициската бруталност и движењето „Black Lives Matetr“ стои политиката. Имено, Ковингтон е еден од најголемите приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп кој често го напаѓаше Леброн Џејмс.

И Леброн влезе во војна на зборови со Трамп, ги повика Американците да не гласаат за него

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот