И Леброн влезе во војна на зборови со Трамп, ги повика Американците да не гласаат за него

Претседателот на САД изјави дека не гледа НБА натпревари поради клечењето при интонирање на химната, додека ѕвездата на САД ги повика граѓаните да не гласаат за него на претстојните избори.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ги нападна НБА кошаркарите поради нивната одлука да клечат при интонирање на американската химна.

– Мислам дека тоа е срамота. Соработувавме со нив за да можат да ја продолжат сезоната, јас бев заговорник да се продолжи, а сега гледам дека клечат за време на интонирање на химната. Тоа не е прифатливо за мене. Кога ќе видам дека не ги почитуваат нашата химна и знаме, го гасам телевизорот – изјави Трамп.

Одговорот на нападите од Трамп кон кошаркарите, дојде експресно и тоа од најголемата ѕвезда во лигата, Леброн Џејмс.

– Се обидувате да ме насмеете? Навистина не мислам дека кошаркарите и нашите навивачи се тажни поради неговата одлука да не ги гледа нашите натпревари. И тоа е се што имам да кажам. не сакам да влегувам во полемика бидејќи знам до каде би можело да оди ова. Тоа нема да го дозволам – изјави Џејмс кој потоа ги повика Американците да не гласаат за Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори.

– Се надевам дека сите баз разлика на расата, бојата на кожата, големината ќе увидат какви лидери на државата имаме и ќе увидат дека ноември е многу блиску, тоа е голем момент за сите нас. Зборуваме за тоа како сакаме промени и ќе имаме можност да донесеме промени. Натпреварите ќе се играат и без неговото следење преку телевизија. Можам да зборувам во име на сите нас кои ја сакаме кошарката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот