Омилената македонска пита со поинаков рецепт: Пробајте ги триаголниците со месо од готови кори

Фото: Профимедиа

Питите се релативно брзо јадење за подготовка, а секогаш се добредојдени ако ненадејно ви дојдат гости, но и како одличен избор и за појадок и за вечера.

Една од омилените на нашите простори, покрај питите со сирење, секако е питата со месo, особено доколку се подготвува во малку поинакво издание – во облик на триаголници. Мошне едноставни за приготвување, вкусни и декоративни.

Состојки:

– 500 гр кори за пита
– 2 средни главици кромид
– 500 гр мелено јунешко месо
– 1 чаша кисела павлака
– 3 јајца
– 200 мл кисела вода
– 150 милилитри масло за јадење
– 2 лажички сол
– 1 лажичка бибер
– 2 чешниња лук
– сусам за посипување

Подготовка:

Ситно исечкајте го кромидот и динстајте го на малку масло и вода. Кога кромидот ќе стане стаклест, додадете ги ситно исечканиот лук, меленото месо и зачините по вкус и динстајте.

Во друг сад изматете ги јајцата, павлаката, киселата вода, солта, биберот и маслото.

Сите кори по должина пресечете ги на половина.

Еден преполовен лист од кората премачкајте го со преливот од јајцата и павлаката, ставете ја преку другата кора, а потоа и третата и нанесете го филот. Обвиткајте ја кората во вид на триаголник и продолжете ја постапката додека не го потрошите цел материјал.

Готовите триаголници наредете ги во плехот, премачкајте ги сите со преливот од јајцата и павлаката, посипете со сусам и печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови.

Кога ќе заруменат, извадете ги да се изладат и послужете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот