Окон до сензационална победа во Унгарија, Хамилтон од последното место до подиум

Фото: EPA-EFE/Zsolt Szigetvary

Возачот на „Алпин“ Естебан Окон дојде до првиот триумф во кариерата откако славеше на спектакуларната Голема награда на Унгарија, 11 трка оваа сезона во Формула 1 шампионатот.

Французинот на „Хунгароринг“ го оствари најголемиот успех од дебито во Ф1, во својот 78 настап, а воедно на својот тим му го донесе првиот триумф после 13 години, прв под името „Алпин“.

Окон славеше со скоро две секунди предност во однос на Себастијан Фетел во „Астон Мартин“, а на подиумот се искачи и актуелниот светски шампион Луис Хамилтон кој во еден момент се наоѓаше и на последната позиција.

Британецот ја пропушти првата шанса да стигне до јубилејната 100 победа во кариерата, но ќе има шанса тоа да го направи на 29 август за ГН Белгија.

Хамилтон со третото место во Унгарија пред летната пауза го презеде водството во генералниот пласман со 192 бодови, шест повеќе од Ферстапен, следени од Норис (113).

Покрај неверојатниот триумф на францускиот возач Окон, последната трка пред летната пауза ја одбележа големата грешка на Валтери Ботас во Мерцедес, што доведе до серија инциденти и прекини на патеката која се сушеше по дождот.

Финецот започна исклучително лошо, ја промаши точката за сопирање и одзади го погоди Ландо Норис во Мекларен, а двајцата потоа ги погодија возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез. Тогаш само холандскиот возач успеа да ја продолжи трката, додека во посебен инцидент, Ленс Строл го удри возачот на Ферари, Шарл Леклер во болидот на „Астон Мартин“, поради што и двајцата се откажаа.

Хамилтон тогаш водеше безбедно, пред Окон и Фетел, кога на патеката излезе безбедносното возило, но поради големиот број остатоци на патеката, беше покажано црвеното знаме. По пауза која траеше половина час, сите возачи се одлучија за гуми за променливи услови, но во кругот на загревање, сите, освен бранителот на титулата, продолжија во „боксот“. Британецот беше толку осамен на почетокот, но поради таа грешка мораше да замине во боксот за да добие суви гуми, што доведе до негово паѓање во поредокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот