Охридските „гладијатори“ ќе аплицираат за учество во Европа

фото: фејсбук

Ракометниот клуб на Охрид се надева дека ќе добие специјална покана за учество во новоформираното ракометно клупско натпреварување.

Како што официјално информираат од клубот, РК Охрид ќе аплицира за „вајлд карта“ за учество во Европа.

На 13 мај Ракометната федерација на Македонија веќе ги одреди нашите учесници во еврокуповите следната сезона.

Иако до прекинот на сезоната поради пандемијата на коронавирус Охриѓани беа на втората позиција во првенството, не се меѓу учесниците за настап во Европа.

Сепак, охридските ракометари ќе аплицираат за учество во Лигата на Европа, воедно ќе се дали ЕХФ ќе прифати Еурофарм Пелистер со специјална покана да биде вториот учесник во ЛШ. Се знае дека Металург и Бутел ќе играат во квалификациите на ЛЕ.

Воедно денеска РК Охрид објави дека е продолжена соработката со Крсте Андоновски и Иван Тасески кои следната сезона ќе биде важна алка кај „гладијаторите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот