РФМ одлучи: Вардар во ЛШ, Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа

фото: рфм

Управниот Одбор на ракометната федерација на Македонија на денешниот состанок ги одреди екипите кои ќе играат во европските купови во наредната сезона.

Бидејќи сезонава е завршена без шампион поради пандемијата на коронавирусот, РФМ одлучи да ја искористи конечната табела од минатата 2018/19 сезона, што значи дека Вардар и во наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите каде триумфира два пати во последните три сезони.

Македонија има едно загарантирано место во групната фаза од Лигата на Европа и тоа ќе му припадне на Еурофарм Пелистер, кој пак најави дека ќе аплицира за вајлд карта за ЛШ. Доколку не им биде прифатено барањето, директно ќе играат во групната фаза од ЛЕ.

Металург ќе треба да игра едно квалификациско коло пред влезот во групната фаза од ЛЕ, а последната екипа која ќе учествува во европските купови е Бутел кој ќе игра во квалификациите за Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот