Охридскиот пливачки маратон на 26-ти август, ќе биде дел од нов проект

Фото: Агенција за млади и спорт

Во Охрид се подготвува голем спортски собир и грандиозна манифестација која ќе се одржи од 18-ти до 27-ми август оваа година. Оваа манифестација годинава ќе се одржува за првпат, но ќе има за цел да стане традиција.

Фестивалот ќе понуди многу активности за сите возрасти и сите љубители на водата и водените спортови, и тие се поделени на спортско-рекреативни, социјално-едукативни и промотивни. Главен спортски настан е традиционалниот пливачки маратон од Св. Наум до Охрид кој е закажан за 26 август.

За време на фестивалот се предвидени многу социјални активности, музика, едукација, промоции како и панел дискусија, изложби и презентација на здрава храна кои ќе бидат дел од вечерната програма од 19-22 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот