Охридскиот аеродром / Фото: Google Maps

Охридскиот аеродром до вчера немал имотен лист, тврди Александар Николоски

Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, кој функционира уште од 70-тите години на минатиот век, до вчера практично бил дивоградба, а сега конечно е легализиран и впишан во катастар, со што овој стратешки објект за првпат доби имотен лист, објави вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски.

„Во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, во соработка со Катастарот, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други државни институции, интензивно работеа на конечно решавање на имотно-правниот статус на аеродромот“, вели Николоски.

Тој посочи дека иако ваквата постапка во нормални околности не би претставувала вест, но поради долгогодишната негрижа и запоставување на државниот капитал, легализацијата на Охридскиот аеродром е значаен чекор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот